Затворски казни за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки

by Fokus

Професорот Бобек Шуклев е осуден на затворска казна од четири ипол години за примање поткуп, а обвинетиот професор Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години.

Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп, судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.

Судот на Шуклев и Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од 5 години.

Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“, затоа што во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација.

Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет кои претходно ги изрече Кривичниот суд.

Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки.
При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.

Поврзани новости