475
Затворската казна за поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски и актуелната состојба во државата, се теми на седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува вечерва.
Кратка изјава даде актерот Тони Михајловски кој е член на Извршниот комитет на партијата. Тој рече дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.
– Повеќе од јасно е дека прогонот е насочен кон ВМРО-ДПМНЕ и неговото поранешно и сегашно раководство – рече Михајловски.
Тој рече дека партијата ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на една опозиција.
– Правни пред сѐ човечки и ќе се обрати таму каде што треба да се обрати за правда пред се во институциите во Македонија- рече Михајловски.