Затворите во Словенија се преполни, а сегашната искористеност е дури 130 проценти.
Најлошо е во Љубљана, каде исполнетоста е дури 177 отсто, а потоа следат затворите во Копер и Марибор.
Во недела истекува уредбата на словенечката Влада за засилени безбедносни услови поради кадровски или просторни проблеми во затворите.
Во првите три месеци беа спроведени две мерки и тоа привремен отказ и вработување на поранешни службеници од правосудната полиција, јавуваат тамошните медиуми.
Сепак, се предупредува дека и покрај мерките, словенечките затвори се уште се преполни.
Се очекува Владата на Словенија да ја продолжи важноста на регулативата за уште три месеци.
Ниту условите во затворите не се подобрени, иако со уредбата на Владата е овозможено привремено прекинување на казната и повторно вработување на оние службеници од правосудната полиција кои веќе ја извршувале таа работа.
Управата за извршување на кривични санкции предлага да се продолжи само една мерка, а тоа е можноста за ангажирање поранешни службеници од правосудната полиција.
Ниту меѓу затворениците нема ентузијазам бидејќи казната само привремено им е прекината и мора да се вратат во затвор.
Мерката не важи и за странците, кои опфаќаат дури половина од капацитетите.