774
Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, потврди за „Макфакс“ Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.
Според информациите, акцијата за откривање е спроведена во координација со повеќе институции.
Засега нема многу детали.
Неофицијалните информации велат дека почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а истиот води надвор од затворот.
Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затовреници со високи казни, а меѓу нив има и осуденици на доживотен затвор.
Неофицијално, сето ова се правело со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени
На терен е увидна екипа на МВР.