Затвореник од Идризово измамил командири да му дадат мито од 4.000 евра за да ги премести да работат во МВР

by Fokus

Управата за извршување на санкции минатата недела извршила вонреден наздор во КПД Идризово по поплака од оудени лица дека имаат закани по живот, уцени и дека им барале мито затворски полицајци. Според информациите од Управата за извршување санкции по извршениот разговор со затвореските полицајци тие рекле дека биле измамени од еден од затворениците кој ја поднел жалбата да му дадат 4.000 евра со ветување дека ќе бидат префрлени на работа во МВР. 

-Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по живот да врати 4000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2000 евра  ветувајќи им  дека ќе бидат префрлени со работа во МВР.  Вкупната сума од 4000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар Сити мол, соопшти Министерството за правда.

Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци, соопшти  Управата за извршување санкции. 

-Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа, соопшти Министерството за правда. 

За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

-Во однос на  осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди. За Денковски , во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, соопшти Министерството за правда

 

Поврзани новости