Затвореник го искршил прозорецот од канцеларијата на директорот на штипскиот затвор

by fokus

Затвореник од Кочани вчера го скршил стаклото на прозорецот на канцеларијата на директорот на штипскиот затвор.

-На 30.07.2024 во 14.18 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 14.00 часот осуденикот С.М.(33) од Кочани со тврд предмет го скршил стаклото од прозорецот на канцеларија на директорот на затворот, велат од МВР за Фокус.

Увид извршила екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На крајот на  јули на затворот во Штип беше назначен директор, кадар на ВМРО ДПМНЕ.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости