Орканската бура која синоќа повторно го зафати Нови Сад, скрши и откорна голем број стебла во дрворедите и градските паркови, а поради санирање на последиците од штетите сите градски паркови ќе бидат затворени за посетители се додека не се отстранат паднатите и искршените дрвја, соопштија денеска од Градско зеленило Нови Сад.
Од ова јавно претпријатие соопштија дека е неопходно да се отстранат голем број гранки кои се скршени од ветрот и кои висат на дрвјата и можат да претставуваат опасност за минувачите. Граѓаните се повикуваат да не влегуваат во парковите додека не се санираат сите последици од невремето.
Директорот на Градско зеленило, Милош Егиќ рече дека екипите на ова претпријатие се постојано на терен и работат со полн капацитет.
– Над 100 лица се ангажирани да работат на голем број локации, при што приоритет е расчистувањето на патиштата и приодите до здравствените и други значајни институции. Претходно, по невремето што го зафати Нови Сад, интервениравме на повеќе од 300 локации – рече тој.
Тој додаде дека ќе се работи дење и ноќе за што поскоро отстранување на последиците од новиот ураган што го погоди Нови Сад.