Затворени три популарни плажи на грчкиот остров Тасос

by Fokus

Затворени се три плажи на грчкиот остров Тасос поради високите температури во Грција и ризикот од пожари ова лето.

Поради тоа, забранета е посетата на Порто Вати, Мармерна и Парадајс, а туристите било советувани да не одат во селата во внатрешноста на островот.

Според информациите од грчките служби, оваа ситуација ќе потрае и во наредните денови поради стравување од пожари.

Поврзани новости