409
Од скопската Клиника за очни болести испратија соопштение во кое наведуваат дека салите за операции се привремено затворени и нема да се извршуваат хируршки интервенции до 18 септември.
– Клиниката за очни болести информира дека е во тек изведување градежни реконструктивни активности на оперативниот блок и поради ова хируршките сали ќе бидат затворени и нема да се вршат хируршки интервенции до 18 септември 2017 година. Сите итни случаи навреме се згрижени и во овој период пациентите се оперираат во септичната сала за хируршки интевенции – се наведува во соопштението.