Затворени гласачките места во Турција, кој ќе биде новиот претседател може да се знае и порано

by Fokus

Гласачките места низ Турција се затворени во 16 часот по средноевропско време. Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдаролу.

Дополнителни 47.523 гласачи Во вториот круг од изборите право на глас имаа дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме наполнија 18 години.

Во првиот круг од изборите одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдаролу собра 44,89 отсто од гласовите.

Народната алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти) освои мнозинство во државниот парламент во првиот круг.

Гласањето во ДКП заврши во средата. Гласањето на избирачките места надвор од државата и на граничните премини, во вториот круг, започна на 20 мај, а заврши денес.

Во средата заврши гласањето во дипломатските претставништва на Република Турција во странство, во вкупно 73 земји.

Поврзани новости