Автомото сојузот на Македонија информира дека од утре до 20 јули ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово.
„Во однос на објектот ‘Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Демир Капија-Давидово’, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој од 06.07 до 20.07.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово во периодот од 10 до 16 часот“, соопшти АХВ. ‘
„Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, соопшти АМСМ.