Модуларната Ковид болница која се наоѓа во дворот на Инфективната клиника во Скопје е затворена, а пациентите се префрлени во зградата на Инфективна и во други ковид оддленија.
Од Инфективната клиника велат дека болницата е затворена „превентивно“, откако забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.
-На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници.
Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување, велат од Инфективна.