Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на работното време

by Fokus

Поради непочитување на работното време вчера е затворен угостителски објект во Кичево, соопшти МВР.

-Синоќа  во периодот од 19:00 до 22:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле акциска контрола во угостителски објекти во градот и приградските населби. Притоа било констатирано дека угостителски објект, лоциран на ул.„Мара Угринова Гина“ во Кичево, не ги почитувал одредбите за пропишано работно време и останатите протоколи за работа на угостителски објекти, се наведува во соопштението од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.

 

Поврзани новости