828
Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори скопскиот бар „Интермецо“ поради непочитувања на протоколите и рестриктивните мерки.
Објектот, согласно важечките прописи, добива забрана за вршење на угостителска дејност во наредните 10- 30 дена како и парична казна.
Според ДПИ, пазарните инспектори синоќа влегле во објектот и постепено го испразниле, бидејќи е констатирано непочитување на мерките согласно одлуката на владата за ковид-протоколите.
Откако ќе се комплетира записникот, локалот ќе добие Решение за забрана за работа во период од 10-30 дена согласно законските одредби.
Глобата која се движи од 2.500 – 30.000 евра се утврдува зависно од големината на субјектот, а казна од 1.500 евра добива одговорното лице на локалот.