Затворен локал во Аеродром, уапсени вработени во МВР

by Fokus

Полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат синоќа околу 23.10 часот извршиле контрола во угостителски објект во  трговски центар на бул.„Јане Сандански“ во општина Аеродром, при што утврдиле дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР кои одбивале да се легитимираат.

Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.  

За настанот бил запознат Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Поврзани новости