Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела на седницата за пратенички прашања најави дека македонската Влада ќе отвори културен центар во Благоевград во Бугарија, а допрва ќе се одлучува кое име ќе го носи овој клуб.
Оваа најава на Ковачевски доаѓа како реакција на отворањето на бугарскиот клуб во Битола со спорното име „Ванчо Михајлов“.
Но, Македонците во Благоевград и досега имаа свој клуб во овој град. Клуб кој беше затворен на Велигден.
Атанас Кирјаков, активист за правата на Македонците во Бугарија за „Фокус“ објаснува дека клубот функционирал веќе неколку години во кој етничките Македонци и Македонки од Благоевград и пошироко се собирале.
Имале Македонски културен календар, одржувале состаноци, а македонски интелектуалци од Пиринска Македониjа во Клубот ги запознавале со нивните наjнови книжевни дела, македонски книги и македонски весници (како весникот „Народна волja“, весниците „Скорнување“, „Македонска пошта“, „Македонец“, „Пиринска Македониjа“ и др.).
Во Македонскиот клуб во Благоевград се собираа Македонци и Македонки од разни генерации , го почитувавме нашите македонски, светски и верски празници , и наши македонки традиции. Но , неколку дена пред Велигден , газдата на просториjaта во коja бевме под кириja , и коja кириja редовно ja плаќaвме , еднострано ни го раскина договорот. Анализата ни покажа дека газдата бил под притисок на бугарските власти ( таjна и jaвна полициja), вели Кирјаков за „Фокус“.
Според неговите сознанија, тие биле избрани од просторијата како казна дека поголем дел од македонската делегациjа од Пиринска Македониja коja се сретна со претседателот Стево Пендаровски во Скопje беше со деjци од Македонскиот клуб во Благоевград.
Сега сме на улица. Во Благоевград нема Македонски клуб. Се разбира дека е много неопходно да отвори врати повторно Македонскиоу клуб во Благоевград – главниот град , престолнината на Пиринска Македониja , за да може и понатаму да имаме можност ние, етничките Македонци и Македонки под Пирин да имаме наш Македонски културен дом , место каде да се собираме , да одржувавме состаноци и да си почитуваме нашите македонски празници и обичаи, вели Кријаков.
Активистите за правата на Македонците во Благоевград веќе формирале и комисија која собира предлози за тоа кое име треба да го носи Клубот кој го најави премиерот Ковачевски.
Тие сметаат дека предлозите за името на Македонскиот клуб треба да поврзани сo личности – културни деjци од Благоевград ( Горна Џумаja) или од цела Пиринска Македониja , имиња на месности, топоними поврзани со значаjни случувања од македонската историja во Пиринска Македониja.
Веќе им пристигнале и првите предлози меѓу кои се имињата на: Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов…
Од поновата македонска историja има предлог Македонскиот клуб да го носи името на писателот и режисер Славе Македонски ( 1931 – 2002 ), роден во село Железница , Благоевградско. Има и предлог Македонскиот клуб да го носи името „9 – 10 август 1946 г.“ – датумот на коj официјално се oбjави и започна Културната автономиja во Пиринска Македониja. Има и предлог Македонскиот Клуб во Благоевград да го носи името „Македонско огниште“, вели Кирјаков.
К.С.Б.