Затворање на диви депонии во 18 општини

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од источниот и североисточниот регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.

Воедно, Владата донесе одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на компанијата „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино.

Одлуката, како што информираа од Владата, е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за „Фабрика за производство на зелена енергија“.

Поврзани новости