Затвор за екс-градоначалник во Турција поради уривање на зграда во земјотресот минатата година

by Fokus

Поранешен градоначалник и инвеститор во недвижности е осуден во Турција на 16 години и 3 месеци затвор за уривање на зграда во која загинаа 16 лица за време на катастрофалниот земјотрес во 2023 година, објавија турските медиуми.

Судот го осуди Океш Кавак за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“ за време на уривањето на зградата во која бил инвеститор во малиот град Нурдаги, во провинцијата Газиантеп во југоисточна Турција.

Судот го обвини и дека користел фалсификувани документи за да добие градежна дозвола.

На Океш Кавак, кој беше избран за градоначалник на Нурдаги, му се суди за уривање на друга зграда во која загинаа 36 лица.

Нурдаги беше тешко оштетен во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 53.000 луѓе во Турција и повеќе од 6.000 во соседна Сирија.

Поврзани новости