452
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска упати остри критики кон Министерството за здравство на денешната седница за пратенички прашања.
Според неа, сумата која е предвидена за изградба на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров е преголема.
„Каков ќе биде тој Клинички центар? Да не биде толку усовршен па тој да доаѓа во градовите низ Македонија, а не граѓаните да одат во него. Барате четирипати повисока сума, 480 милиони евра а не верувам дека ќе одобрите здравствената услуга. Да ја кажете реалната сума, колку овој центар ќе чини, затоа што граѓаните не пијат масло. Граѓаните мора да знаат кога ќе почне градбата и кога ќе заврши“, рече Затуроска.