481
57-годишен скојанец со иницијали Ѓ.Ѓ. почина вчера откако се одронило земјиште во населбата Припор во Скопје. Ѓ.Ѓ. работел терен кога земјиштето се излизглало и го затрупало него и неговиот колега Ш.Ш. од Куманово. Кумановецот е пренесен во болица со итна помош.
„На 28.11.2018 година во 11,40 часот е пријавено дека на улица „Христо Татарчев“ во населба Припор во Скопје дошло до одронување на земјиштето при што биле потрупани двајца работници. Ѓ.Ѓ(57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот“, информираа од МВР.