Затаила вентилацијата на хируршките клиники, од Службата за заеднички работи велат има климатизација, но стара е

by Fokus

Трансплантациите на срце, црн дроб и бубрези од еден дарител што беа изведени минатата недела, се направени во извонредно тешки услови.

Како што дознава Фокус, додека се вршела експлантација на органите ноќта на 19 јули, лекарите и останатиот медицински кадар работеле во многу тешки услови, бидејќи не работела вентилацијата во зградата на скопките хируршки клиники.

Оваа историски прва тренсплантација на четри органи од еден дарител, била направена во услови кога поради тополотниот бран што ја зафати земјата било номеожно да се обезбедат соодветни услови за работа.

За цело време дури траела постапката на вадење на органите било обезбедено ладење со ладна вода, за да можат и лекарите да работат но и да не се оштетат органите. За цело време им биле обезбедувани и стерилни инструменти за да не се загадат органите.  Самите трансплантации биле изведени во дел од хируршките сали каде било поладно, а потоа пациентите се префрлени на интензивно лекување.

Од Службата за општи и заеднички работи на Скопските клиники на прашањето зошто не работи вентилацијата во зградата на хируршките клиники, одговорија дека системот за централна климатизација е во функција, но дека е стар.

„Ве известуваме дека системот за централна климатизација во објектот Хируршки блок во Клиничкиот центар е во функција, односно работи. Попрецизно, во функција се сите 16 потсистеми, а повеќето се стари повеќе 35 години.  Јавната установа лани набави нов ладилен агрегат за потребите на системот за климатизација во хируршкиот блок, односно за потребите на сите хируршки клиники“, велат од Јавната установа од областа на здравството за потребите на клиниките.

Според Службата за општи и заеднички работи на клиниките и на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), како и  во повеќето хируршки клиники има функционален систем за климатизација, но дека тој е стар и тие не можат да проценат дали тој ги задоволува потребите.

„Ние не можеме да процениме колку ги задоволува потребите на клиниката. Доколку клиниката има потреба и поднесе барање за нов систем за климатизација, Јавната установа ќе спроведе постапка и истиот ќе го набави и ќе го  монтира“, одговорија од Јавната установа од областа на здравството за потребите на клиниките.

 

Елица Бочвароска

Поврзани новости