Застрелан тинејџер во Белград, се бори за живот

by Fokus

Тинејџерот Ф.Ј.(18) е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на Лабудово Брдо во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде се борат за неговиот живот.

Пукотниците се случиле нешто пред 3 часот на улицата 11-та краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.

Повеќе детали од местото на пресметката се уште не се познати, а полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.

Како што се дознава, 18-годишникот седел во автомобилот. Непознато лице му пришло и испукало неколку истрели кон него, од кои еден завршил во градите на младиот човек.

Неговиот татко со истиот автомобил го пренел во ургентниот центар, каде тинејџерот се бори за живот.

Поврзани новости