Во центарот на Загреб утрово одекнале истрели. Во близина на зградата на Владата бил убиен полицаец, а напаѓачот подоцна бил пронајден мртов. Поради инцидентот, дел од градот е затворен, пренесуваат хрватските медиуми.
– Слушнав истрели, ова го немало ни за време на војната, рекол еден граѓанин за Н1.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, повредениот полицаец бил пренесен со возило на итната помош во болница, а по напаѓачот започнала потрага. Во меѓувреме, во медиумите стигнало соопштение од Министерството за внатрешни работи дека било пронајдено телото на напаѓачот и дека тој се самоубил.
Повеќе медиуми пренесуваат дека полицаецот бил застрелан од калашников.
Потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Томо Медвед изјавил дека не може да даде повеќе детали за овој настан.
-На граѓаните можеме да им кажеме дека Хрватска е безбедна земја, рекол тој.
На местото на настанот пристигнал и премиерот Андреј Пленковиќ.
Според првичните информации, состојбата на 31-годишниот полицаец е стабилна. Лекарите соопштиле дека тој има четири прострелни рани од кои две во рака и две во телото.