Застрашувачки фотографии: Уништени покриви, паднати дрвја во Штрбово

by fokus

Синоќешното невреме кое синоќа ја зафати Македонија направи огромни штети низ населените места во земјава.

Еден од најпогодените региони е преспанскиот, каде има нанесена голема материјална штета и паднати се многу дрвја.

До нашата редакција пристигнаа фотографии од селото Штрбово, село во општина Ресен, а силното невреме и ветрот уништиле неколку покриви од куќи и помошни објекти.

Метеоролозите најавуваат дека лошото време и врнежите ќе продолжат и наредните денови, а ќе траат до крајот на оваа седмица.

Поврзани новости