649
Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералните власти им овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против Ковид-19, вклучувајќи и забрана за движење меѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општините со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100.000 жители.
Пред влегувањето во сила на измените на законот, германската Влада апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките, особено оние во врска со намалување на контактите, што вклучува и забрана за движење од 22 до 5 часот наутро.
-Знам дека е тешко, дека тоа тешко му паѓа на секој од нас, но тоа е нужно за еден ваков преоден период, изјави вчера министерот за здравство Јенс Шпан.