Државниот санитарен инспекторат од денес прави засилени контроли во градинките, се проверуваат вакциналните картони за вакцините за ДиТеПер.
Министерот за здравство Демири рече дека инспекции во градинките ќе има на државно ниво, не само во Скопје каде е прогласена епидемија на голема кашлица.
„Не само на територијата на град Скопје, каде што е прогласена епидемијата, туку и на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам на секој начин да се зголеми бројката и да се вакцинираат оние што не се вакцинирани. На целата територија на државата. Има потпишано наредба да се враќаат децата кои се делумно или не се вакцинирани. Официјализацијата со документ е од денеска, но ние не функционираме само на писмено дадени наредби. Многу поодамна е пристапено и имав јавни изјави дека треба да се вратат оние деца што не се вакцинирани. Мислам дека е доволно сензибилизирано и нема оправдување“, рече министерот Демири.