Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 120 возачи, a кај 21 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 46 останати прекршоци.
Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената сроведена е акциска контрола на 17.11.2018 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 32 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози.
Исто така констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.