Недостатокот на коензим Q10 првенствено се манифестираво послаба функција на срцевиот мускул, што на крајотпредизвикува срцето да откажува. Така, коензимот Q10 многу години успешно се користи во превенција од појава и ублажување на симптомите кај бројни кардиоваскуларнизаболувања: срцева слабост, ангина пекторис, срцев удар, атеросклероза и висок крвен притисок. За овие состојби сепрепорачуваат дози од 90-100 mg коензим Q10 дневно.
Биохемиската основа за употреба на коензимот Q10 вотретманот на срцеви заболувања е воспоставена преддваесет години со бројни претклинички тестови, а овиепретпоставки се целосно потврдени денес. Голема студијаобјавена во 1993 година, спроведена на дури 641 субјект, покажа дека додавањето на коензим Q10 на вообичаенителекови кај луѓето кои страдаат од хронична срцева слабостзначително ја намалува зачестеноста на компликациите наболеста (пулмонален едем, срцева астма), како и потреба одхоспитализација.
Исто така, бројни студии покажаа дека премедикацијата сокоензим Q10 им помага на пациентите кои имале операцијана отворено срце: нивната стапка на преживување е поголема и нивното време за опоравување е пократко. Коензимот Q10 постигнува таков ефект со заштита насрцето во периоди на исхемија, односно недостаток накислород.
И нашата кожа секојдневно е изложена на оксидативнивлијанија, што придонесува за нејзино забрзано стареење, а коензимот Q10, како антиоксиданс и енергетски посредник, ги успорува и стопира процесите на стареење на кожата и значително ја намалува појавата на брчки. Во такви случаи, за да се постигне оптимален ефект и да се подобривиталноста на кожата, неопходно е не само да се нанесуваатпрепарати на коензим Q10 во форма на креми, туку и неговото орално внесување е исклучително важно.
Коензимот Q10 е неопходен и за одржување на виталностана сврзното ткиво, особено на забното сврзно ткиво, пазатоа е неизбежна неговата употреба во превенција и третман на многу чести пародонтални проблеми (што бешеи прва успешна примена на ова соединение).
Утврдено е и дека хроничниот недостаток на коензим Q10 доведува до постојан замор и исцрпеност, недоволнаконцентрација и метаболички нарушувања. Доколку не сепреземе ништо за овие состојби, тоа може да доведе донарушување на метаболизмот на јаглени хидрати (дијабетескај постарите лица), нарушувања на метаболизмот намастите (оштетување на циркулаторниот систем) и забрзанои предвремено стареење на клетките, поединечните виталниоргани, а со тоа и на целиот систем на телото. Во таквиуслови се препорачува дневен додаток од најмалку 30 mg коензим Q10.
Можностите за користење на коензимот Q10 се уште не сеисцрпени, а времето на негова многу поширока употреба е пред нас. Се дискутира за неговиот ефект кај дегенеративнимускулни заболувања, хепатоцелуларен карцином и дијабетес. Можеби не е претенциозно да се гледа овасоединение како еден вид гаранција за долговечност, бидејќи истражувањата покажаа дека неговата употребазначително го продолжува животниот век наексперименталните животни.
Мр.Фарм Лидија Пешталеска
ПР текст