Досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во железничката несреќа во Грција, има и државјани на Македонија, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.
-Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.
Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.
Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732, соопшти МНР.