Засега нема ограничувања на јавните собири

by fokus

Засега нема ограничување на јавните собири и се ќе зависи од конкретната ситуација, вели техничкиот премиер, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали  откако беше потврден случај на корона вирус, ќе се ограничат собирите, карневалите кои се најавени како и предизборните митинзи и собиранки.

-Кризиниот штаб е во постојано заседание, нема потреба од било какви ограничувања, сите граѓани да ги почитуваме препораките и нема потреба од дополнителна паника. Носењето на одлуки за ограничувањето на поголеми собири ќе зависи од конртната сосотојба. Немаме никаква причина да носиме одлука за запирање на нормалниот живот, порача премиерот Спасовски.

-Во овој момент е најважно дека сите државни служби се подготвни да реагираат, нема причина за било каква паника, воспоставена е контрола системите функционраат, сите мерки се преземани по сите протоколи и преминуваме на следната, справување со ваква состојба. Кое постапува исклучиво по препораките на СЗО, институциите имаат и кадри и опрема и капацитети и согласно сите стандарид се преземаат сите постапки. Многу е важно во вакви услови свеста да биде на високо ниво, да се почитуваат сите препораки и во смисла на општествената одговорност и да не се однесуваме неодговорно преку пласирање на непроверени информации на социјалните мрежи. Нема место за паника и хистериј, рече Спасовски.

Поврзани новости