Засега Бугарија не е под закана од истекувањето на амонијак во областа на нејзината граница со Србија, кај Пирот

by Fokus

Мобилен тим на Извршната агенција за животна средина на Бугарија ќе го следи квалитетот на воздухот во областа Калотина до граничниот премин на Бугарија со Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините во областа на градот Пирот, јави дописникот на МИА од Софија.

Експерти ќе ги следат индикаторите преку мобилна автоматска станица за мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух. Станицата е поставена во близина на граничниот премин со Србија и таму ќе остане и во наредните денови.

Во моментов српските еколошки власти не пријавуваат надминување на стандардите за квалитет на воздухот до границата со Бугарија. Српската страна ќе ги извести бугарските контролни органи доколку се случи промена на ситуацијата.

Инцидентот се случил по течението на блиската река Нишава, која извира под планината Ком на Берковската планина. Со оглед на насоката на струјата на реката, не може да се очекува загадување на нејзините води на бугарска територија, велат од агенцијата за животна средина

Поврзани новости