Заседаваше неготинскиот кризен штаб по пожарот на планината Серта

by Fokus

Денеска на ден 11.07.2024 год. пред 30 мин заврши состанокот на кризниот штаб на Општина Неготино каде што се донесоа заклучоци, приоритети, каде што се утврдени следните активности за утрешниот ден,кои што ќе започнат во раните утрински часови:

– Во текот на утрешниот ден во утринските часови ќе има распоредено екипи на ТППЕ Неготино и Кавадарци

– Тимови за заштита и спасување од пожари на Дирекција за заштита и спасување, истите ќе располагаат со соодветна механизација .

– Побарана е подршка од ЦУК за воздухопловна поддршка со хеликоптер.

– МВР со постојан надзор на терен и со дополнителни интервенции за евакуација доколку има дополнително потреба за тоа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости