Заседаваше Главниот кризен штаб, се дискутирало за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница

by fokus

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска присуствуваше на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, што се одржа утрово, како раководител на владини тела за управување со кризи имаше седница на Групата за процена, а попладне имаше седница со Управувачкиот комитет.

-На седницата на Групата за процена и седницата со Управувачкиот комитет се дискутирало за продолжувањето на кризната состојба на дел од територијата на државата на подрачјата на јужната и северната граница, поради висок ризик преку зголемен влез мигранти да се загрози јавното здравје  на населението, во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV2“, информира ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека на седниците се дискутирало и за  продолжувањето на активностите на институциите во Системот за управување со кризи, согласно Акцискиот план за превенција и справување со влез и транзитирање на мигранти низ целата териоторија на државата,  донесен на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК на почетокот од месецот.

Во текот на утрешниот ден, како што стои во соопштението на ЦУК, се очекува заклучоците од овие главни теми и други работи од областа на менаџментот со кризи да бидат разгледани и на седница на Влада.

Поврзани новости