По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство, објави Телма.
Тие иако без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза.
Ова го покажале првичните тестирања, а со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на вирусот или пак заболени.
„Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза.“ – вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.