Заразено дете во Кина – прв случај на птичји грип кај луѓето

by fokus

Кина го откри првиот случај на птичји грип Х3Н8 (H3N8) кај луѓе, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Варијанта на вирусот е потврдена кај четиригодишно дете од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата во вторникот. Детето дома било во контакт со кокошки и гаврани.

Варијантата Х3Н8 е честа кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките. Вирусот е одговорен за пандемијата на грип во 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот Х10Н3.

Поврзани новости