779
Претседателот на Централната изборна комисија во Албанија, Илирјан Челибаши, рече дека на парламентарните избори што треба да се одржат на 25 април нема да гласаат сите заразени лица со ковид19, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница.
-Тоа е утврдено со Изборниот законик. Ако гласате, ќе мора да одите на избирачкото место. Немаме систем за испраќање гласачки кутии дома – рече тој.
Тоа значи дека доколку парламентарните избори се одржат денес, 33.946 албански граѓани нема да го остварат своето право на глас.
-Законот предвидува посебни гласачки места во затворите, но во случајот со состојбата со ковид проблемот не е толку едноставен, бидејќи имаме работа со опасен вирус и во секој случај јас не сум експерт – рекол Челибаши.