Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на две големи прослави во Охрид и Скопје има заразени со Ковид 19.
Станува збор за семејна прослава во Охрид со 200 присутни и се потврдени осум позитивни случаи, додека на свадба во Скопје од 100 души има 20 потврдени случаи.
Од штипските конфекции земени се 780 брисеви, потврдени се 124 и 20 се хоспитализирани. Во Штип и Тетово се намалуваат бројките, но голем проблем е во Скопје. Посебно, општина Чаир. Овој бран се уште трае, иако две од четирите големи жаришта спласнуваат. Сконцентрирани сме на спласнување и на заразата во Скопје. Пред нас е долга битка со вирусот, тој е уште тука – истакна Филипче.
Тој додава дека повеќето од граѓаните не даваат точни податоци во епидемиолошките анкети.
„Оваа битка здравствените работници не можат да ја добијат сами, туку, мораме сите заедно – додаде првиот човек во здравството.