Заразени има само на Инфективна и на инфективните одделенија во болниците

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека здравствените установи се вратија на своите примарни дејности. Позитивни на корона има само на Инфективната клиника и на инфективните одделенија во болниците. Филипче потенцира дека сега не се чувствува наплив на пациенти со други заболувања затоа што сите болници покрај што лекувале од КОВИД-19 давале услуги од својата примарна дејност.

-Нема сега клиника или болница на која тоа не и беше дејност, а беше ковид-центар па сега да прима позитивни пациенти. Позитивни има само Инфективната клиника во Скопје, уште неколку пациенти на Институтот за белодробни заболувања, а во болниците има во рамки на инфективните одделенија кои се дел од интерни одделенија, рече Филипче.

Поврзани новости