Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема при третманот на 27-годишната пациентка од штипско која почина од оваа болест, велат од Клиниката за инфективни болести.
„Точно дека ние како инфектолози сме добро упатени какви се заштити треба да се носат посебно кај вакви болести, независно што е конго-кримска треска. Додека ги добивме резултатите за болеста се работеше со пациентката, која беше во тешка состојба. Шансите се многу мали за да се пренесе болеста, но со оглед дека пациенктката имаше ненормално многу секрети и крварења тие се тие заразните содржини кои може да бидат пренесени“, објасни д-р Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за инфективни болести.
Таа објасни дека и покрај заштитната опрема, која ја носат при третман на пациентите, може да се случи пренесување на болеста при нејзино симнување.
„Болничарката била заштитена при третман на пациентката, но кога ги симнува ракавиците, маската или облеката може нешто да прсне во очите и така да се заразила. Се е можно кога има толку голема количина на заразен материјал, се е можно. Затоа треба многу да се внимава“, вели д-р Наунова Јовановска.
Болничарката според лекарите на Инфективна клиника е во стабиилна состојба и се следат параметрите за да не дојде до некое влошување.
„Ова и е веќе петти ден како е болна, но се следи да не дојде до влошување. При оваа болест многу е важна таа супортивна, заменска терапија, да се надокнадува, се што се губи. Пациентката засега ќе сотане во стабилна состојба, но тоа ќе видиме деновиве“, изјави д-р Наунова Јовановска, и додаде дека самата болест има развој, првите денови не се така лоши симптомите.
Болничарката додека ја неговала сега починатата пациентка од штипско, била трета смена дежурна.
Таа објкасни дека кај болничарката засега нема крврења и посериозни симптоми од болеста. Лекарите од Инфективна клиника објаснуваат дека сите што биле во контакт со претходната пациентка се под надзор, на 29 лица кои биле во контакт со починатата пациентка за неколку дена им истекува надзорот.
„Од болничарката која е заразена издадено е решение за 11 контакти и тие се следат. Додека се под надзор не одат на работа, но пренесување на ова заболување не настанува со обичен разговор. Треба заразен материјал да се пренесе на одредено лице. Сега кокнтактите што се под надзор им се следат симптомите, ако се појави температура или некој од симптомите треба да се јават и да се направи испитување“, рече д-р Наунова Јовановска.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ рече дека не очекуваат да има новозаразени од конго-кримска хеморагична треска и дека и порано инцидентно имало вакви случаи.
Министерството за здравство вчера соопшти дека должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.
„Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крвавење од носот. Закрепнувањето е бавно“, соопшти Министерството за здравство.