Заразена пратеничка објави дека со скафандер пристигнува во Собрание за да гласа за антикризните мерки

by fokus

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ објави фотографија на Фејсбук облечена во скафандер и објави дека пристигнува во Собрание за да учествува на денешната седница на која треба да бидат изгласани антикризните мерки.

-Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот, напиша пратеничката.

На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница.

Собранискиот спикер, Талат Џафери остана на ставот дека прво треба да се изгласаат законите од 32. седница, па потоа антикризните мерки. И ВМРО-ДПМНЕ не попушта и вчера соопшти дека ќе учествуваат само на седницата на којашто треба да бидат изгласани мерките од петтиот пакет. Владејачкото мнозинство најави дека ако нема кворум, заразените пратеници од нивните редови ќе дојдат со скафандери. Пратениците од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вчера изразија спремност, да обезбедат кворум за 32. седница ако власта да не може, иако потенцираа дека не го разбираат однесувањето на Џафери.

Поврзани новости