572
Епидемиолозите во Штип веќе не ги препознаваат по кластери новите случаи на ковид-19 во општината. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека новите случаи се контакти на веќе заразените.
„Нема веќе кластери и правила на ширењето на вирусот, новозразените се контакти и ги има од секаде. Ако до пред некое време ни беа познати фабричките кластери, сега вирусот се шири низ нивните контакти“, вели Димитрова.
Во Штип, како што пренесува МИА, покрај тоа што се појавуваат случаи од фабриките и нивни контакти, деновиве се бележат позитивни случаи и од државни и општински институции. Ги има по еден или неколку случаи, но не и поголеми групи, како што беа фабричките кластери.