Заради „Миликије-кадровски политики“ на СДС и Ковачевски пропаѓа системот, институциите и државата, а младите се селат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми, соопшти МРО-ДПМНЕ.

„Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и нејзе ја именувале на оваа позиција.

Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на „Миликије- кадровски политики“ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат“ велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Ковачевски да одговори како Миликије е избрана? Оттаму порачаа дека Ковачевски е директно одговорен како формален претседател на СДСМ за кадровскиот избор.

Поврзани новости