Заработка до 50.000 евра годишно: Украина започна нова програма за волонтери

by Fokus

Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиони украински гривни (речиси 50.000 евра), соопшти кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Кабинетот на Умеров соопшти дека оваа иницијатива има за цел да привлече граѓани кои ќе можат да ја изберат својата позиција и воена единица, да поминат интензивна обука и да добијат финансиски и социјални бенефиции, пренесува Танјуг повикувајќи се на Укринформ.

Градиме нов армиски систем за регрутирање кој одговара на современите предизвици“, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот Умеров.

Волонтерите ќе добијат еднократна исплата од еден милион гривни (25.000 евра) и 200.000 гривни (5.000 евра) по потпишувањето на договорот, 300.000 (речиси 7.500 евра) по завршувањето на обуката и 500.000 (речиси 12, отпуштените единици од војската).

Покрај тоа, тие ќе добиваат месечна плата до 120.000 гривни (речиси 2.800 евра) и дополнителни бонуси за борбени мисии.

Поврзани новости