532
Неправосилно осудениот во случајот „Софтвери“, Даниел Станчев за кого обвинителството бара притвор денеска во судница ја побара за жена Ирена Ивановска исто така неправосилно осудена во истиот случај.
Станчев од „Инвока“за кого обвинителката, Ивана Трајчева кажа дека постои опасност да избега оти не бил женет и нема оформено семејство ја побара за жена Ивановска која во судница ја прифати неговата понуда.
Станчев е осуден на четири години затвор, додека Ивановска на три години и шест месеци.
Во моментов има пауза и судот ќе одлучува дали ќе има притвор за четворица осудени, меѓу кои и поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски кој е осуден на осум години затвор.
Ф.Ф.С.