Поранешниот пратеник Павле Богоевски се ожени со штипјанката д-р Александра Михаилова, а свадбената забава се одржа во Вила Ина на Водно.
Фотографии и видео снимки од настанот кој се случи синоќа под отворено небо се споделуваат на социјалните мрежи, а помеѓу гостите бил и поранешниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски, пратеничката Снежана Калевска Ванчевска и многу други јавни личности.
Богоевски и неговата избраничка беа во врска околу пет години, а лани во август тој ја побара за жена на хрватскиот остров Хвар.
Тогаш објавија фотографии од романтичниот настан покрај море.
Инаку, Павле Богоевски и стана познат на пошироката јавност по неговите учества во Шарената Револуција, а потоа и по скандалот со нарачување на наркотична дрога.
Неговиот пратенички мандат започна кон крајот на 2016 година, а во 2019 година си поднесе оставка од функцијата, по објавување на аудио снимка, според која пратеникот наводно порачува дрога.
Тој тогаш изјави дека договарал набавка на масло од канабис, за медицинска употреба, за лекување на негова блиска личност, бидејќи многу и помогнало.
Најави дека ќе се залага за промена на законите, да се разлабави законската рамка за медицинска употреба.
-Не оди еден пратеник кој толку се залагал за еднаква правда и правичност за сите, кога ќе стори нешто незаконски, не личи да продолжи да биде пратеник-изјави тој од собраниската говорница, кога ја поднесе оставката.
Вики Клинчарова