73
По 27-часовна потрага, во која учествуваа полицајци, пожарникари, припадници на планинската спасувачка служба, кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се запира потрагата во населбата Бањско поле и Брестовачка бања, бидејќи се укажува дека детето не е таму.
Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптер и беспилотни летала со термо камери.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што ќе биде информирана јавноста.
Данка исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути, а потрагата во Бањско поле траеше следните 27 часа.