447
Општина Центар ја запре постапката за уривање на ТЦЦ Плаза и на терен остана само багерот и срушниот дел од барокната фасада. Како што информираат од Центар, постапката е стопирана затоа што инвеститорот немал дозвола.
„Утринава е испратен инспектор на терен, кој утврдил дека инвеститорот нема одобрение, ниту пак побарал од Општината дозвола за уривање. Денеска е издадена усна наредба за прекин на постапката бидејќи нема обезбедено мерки за заштита при уривање“, велат од Општина Центар.
Пред две години, овој објект доби ново барокно руво, откако градот донесе одлука целосно да ги менува ликот на објектите што се наоѓаат во близина на плоштадот ВМРО и „Карпошово Востание“.