Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на Европската Унија во Брисел.
Шефот на македонската дипломатија смета дека мора да запре практиката за амбасадори да се испраќаат политичари.
„Постапката ќе се запре. Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко-партиски фолклор. Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија? Ќе ја претставува политичката партија или Република Македонија, особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ. Мислам дека ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар. Ние имаме неколкупати направено вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме“ изјави Димитров.