За MAMA’S ( МАМА’С) иновацијата секогаш е главна движечка сила, па после долго истражување и усовршување на различни рецепти, нивниот тим откри нови неодоливи слатки, кремасти задоволства.
Кога зборуваме за најнежните членови на MAMA’S семејството мислиме на совршено хармонизирани, вистински неодоливи и неверојатно слатки рецепти на кои што нема да може да им одолеете.
Ова е приказна за едни нови суперфуд кремови кои што всушност поседуваат неизмерна сила и огромен потенцијал да направат револуција во светот на слатките задоволства.
Ви ги претставуваме новите, а отсега Вашите омилени MAMA’S кремови.
MAMA’S кремовите се единствени, уникатни суперфуд вегански кремови, без додадени вештачки состојки, без палмино масло, без додадени ароми и без додадени шеќери.
MAMA’S кремовите се достапни во два различни вкуса, MAMA’S Ванила крем, суперфуд од печена тиква, маџун, ванила, цимет и сок од портокал и MAMA’S Какао крем, суперфуд од печена тиква, маџун, ванила, какао, цимет и сок од портокал.
MAMA’S кремовите доста успешно се снаоѓаат во разно-разни комбинации и ситуации. Може да ја играат улогата на прелив за палачинки, може да се мачкаат на парче леб во комбинација со банана, со јаткасти плодови или може да се користат како додаток на Вашиот омилен чиа или овесен оброк. Исто така кремовите можете да ги конзумирате и во движење без дополнителни додатоци.
Безгрижно можете да ги употребувате во Вашите секојдневни оброци, во било која доба од денот затоа што се нискокалоричен суперфуд без присуство на млечни производи.
Отсега MAMA’S кремовите можете да ги пронајдете на рафтовите во најблискиот маркет до Вас.
MAMA’S кремовите дефинитивно ќе станат дел од Вашето секојдневие и Вашето омилено кремасто слатко задоволство.
ПР текст