Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки, Ламбе и Антониа во прв ред

by Fokus

По двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, од денеска започнуваат подготовките за бадниковите поворки на радоста.

Здружението „Бадникови поворки“ на денешната конференција одржана во малата концертна сала на Македонска филхармонија, на првиот ден од божиќниот пост, свечено ја отвори празничната сезона за претстојните активности.

– По двегодишниот копнеж по бадниковите поворки на радоста во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ Републиката и по кои станавме препознатливи на Балканот и пошироко, конечно можеме да кажеме: традиција продолжува, истакнуваат од „Бадникови поворки“.

Ламбе Алабаковски изрази задоволство што е дел од овој проект уште од самите почетоци.

–Мило ми е што повторно ќе се дружиме првиот пат многу несигурно настапив на целиот проект и со еден сомнеж, но гледајќи сега како ова прерасна во традиција и колкава голема посветеност од децата желбата да се учествува е голема ме прави особено среќен, изјави Алабаковски.

На конференцијата беше истакнато дека божиќната песна „Вечниот Бог“ ќе има нова верзија со проширена група на пејачи .

Оваа година покрај Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска ќе учествуваат и младите пејачи Мартинијан Кириловски, Ана Петаноска, Бела Битрачуловска, Џенгис Мемедовски, Мите Стоилков и Тамара Ѓуровска. А, Елена Ристеска како искусен пејач ќе ги води младите таленти во целиот проект.

Поврзани новости